Top Sport

Нема пензија за Златан, останува во Милан уште една година

Шведскиот фудбалски интернационале, Златан Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со екипата на Милан за уште една година, објави италијански „Corriere della Sera“.

„Росонерите“ се задоволни од игрите на 39-годишниот напаѓач, но и од неговото влијание врз останатите фудбалери кои сезонава се борат со Интер за Скудетото во Серија А.

„Corriere“ пишува дека најверојатно Златан и следната сезона ќе ја задржи истата сума за годишна плата – 7 милиони евра.

„Ако во Милан ме сакаат, ќе останам. Ја засакав екипата. Кога ќе поминам ден без соиграчите, како да сум го поминал денот без децата“ изјави неодамна шведскиот фудбалер.

Ибрахимовиќ во Милан се врати во јануари минатата година и веднаш во истата сезона постигна 11 гола на 20 натпревари. Оваа сезона бројот на негови погодоци е 14 во Серија А, а по еден постигна во Копа Италија и во Лига Европа.

Наодамна се споменуваше дека е можно негово враќање во Манчестер Јунајтед, но можноста пропадна.

Scroll to Top