Мејсон Маунт сигурно нема убави спомени од англискиот национален стадион „Вембли“, откако вчера токму со неговиот промашен пенал, Челси го загуби финалето на ФА купот од Ливерпул, за неверојатен шести пораз во низа на овој стадион за младиот Англичанец.
Несреќната низа на Маунт на „Вембли“ започна во 2019 година, кога беше позајмен фудбалер во Дерби каунти, каде што менаџер беше Френк Лампард – тогаш Астон вила го доби плејофот за бараж во Премиерлигата.
Откако се врати во Челси, тој загуби уште трипати на стаионот во ФА куп финалиња, а исто така оваа сезона беше поразен од Ливерпул во Карабао купот во февруари. Лошата среќа се однесува и на репрезентацијата, каде што во финалето на ЕУРО 2020 загубија од Италија, исто така на пенали.