Top Sport

Нема повеќе билети за мечот Ајакс-Реал

Ајакс ќе го пречека Реал Мадрид на 13.февруари, во првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите, а од клубот во петокот објавија дека билети за овој меч повеќе нема.

Најславниот холандски клуб своите натпревари ги игра на арената „Јохан Кројф“ чии капацитет е 54.033 места за седење. Бидејќи интересот за натпреварот е огромен, челниците на клубот се погрижиле да најдат и алтернативно решение.

Ајакс ја изнајмиле мулти функционалната сала „Зиго Домо“ и каде исто така ќе може да се следи натпреварот.

Прогнозите се дека во салата ќе има 17.000 навивачи на Ајакс. Пред и по натпреварот клубот предвидел музичка програма.

Ајакс и Реал заедно имаат освоено 17 трофеи во Купот или Лигата на шампиони. Низ историјата одиграле 12 натпревари, реал е поуспешен со седум победи, Ајакс има четири.

Последен пат во Лигата на шампионите тимовите се сретнале во фазата по групи во сезоната 2012/2013. Двата натпревари завршиле со идентична победа 4:1 на Реал Мадрид.

Scroll to Top