Top Sport

Вајгл ќе заврши во ПСЖ

Пари Сен Жермен ќе му ја исполнат желбата на тренерот Томас Тухел и ќе испратат понуда до Борусија Дортмунд за играчот редот за врска, Јулијан Вајгл.

Тренерот на ПСЖ добро ги знае квалитетите на овој фудбалер, бидејќи беше стандарден во првотимец на Борусија во ерата на Тухел. Во втор план тој падна оваа сезона, откако на клупата на „милионерите“ седна Лусиен Фавр.

Токму тоа што Фавр не смета сериозно на услугите на Вајгл, Тухел ќе го искористи за да го донесе фудбалерот во Париз. Трансферот значи дека ПСЖ дефинитивно се откажале од Адриен Рабио.

„Ле Паризиен“ тврди дека ПСЖ за Вајгл, на Борусија Дортмунд, ќе траба да и плати 25 милиони евра.

Scroll to Top