Клубовите од Премиерлигата ја отфрлија идејата да се откажат од божиќните мечеви и покрај тоа што повеќе од клубовите се мачат со големиот број на КОВИД-позитивни фудбалери во својот тим.
Претставниците на 20-те клуба на состанок со првите луѓе на Премиерлигата, го отфрлија предлогот за „празнична пауза“, со што ќе се откажеа мечевите од 28 до 30 декември, иако шест од 10-те меча овој викенд беа одложени, а претходо беа откажани уште четири меча.
Иако менаџерите како Томас Тухел во Челси и Јирген Клоп во Ливерпул ја поддржуваа идејата, клубовите застанаа зад лигата и решија дека ќе се разгледува ситуацијата за две недели. Премиерлигата посочи дека клубовите мора да ги користат своите У-21 фудбалери за да го пополнат тимот доколку имаат повеќе позитивни фудбалери.
За да се случеше паузата ќе требаше да гласаат 14 од 20-те премиерлигаши.
КОИ МЕЧЕВИ БЕА ОДЛОЖЕНИ ДОСЕГА:
Брајтон – Тотенхем, 12 декември
Брентфорд – Манчестер јунајтед, 14 декември
Барнли – Вотфорд, 15 декември
Лестер – Тотенхем, 16 декември
Манчестер јунајтед – Брајтон, 18 декември
Саутемптон – Брентфорд, 18 декември
Астон вила – Барнли, 18 декември
Вест хем – Норич, 18 декември
Евертон – Лестер, 19 декември