Top Sport

„Нема шанси да го вратиме Џерард за да добие медал за освоена титула“

Извршниот претседател Питер Мур на Ливерпул ја одбил иницијативата на навивачите легендарниот капитен Стивен Џерард да потпише краткорочен договор со клубот за да може да добие медал за освоената титула во Премиер лигата.

Џерар 17 години мина во Ливерпул, во кариерата ги освоил Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, Лига и ФА купот, но немал можност да се радува на трофејот во Премиер лигата.

Ливерпул 30 години не биле шампиони на Англија.

Поради тоа навивачите на „црвените“ покренаа иницијатива тој на кратко да се врати во клубот за да ја прослави титулата.

„На сите оние кои ме прашуваат дали можеме да го вратиме Стивен Џерард за да доие шампионски медал им одговарам со прашањето: Кажете ми на кој играч од тимот треба да му го одземам медалот за тој да го земе?“, рекол Мур.

„Доколку не сте забележале Џерард сега е вработен во друг клуб. Не можеме на тој начин да им го земеме тренерот среде сезона. Сите ние многу го сакаме Стиви-Џи, исклучително сме горди на неговата тренерска кариера, но ова што навивачите го бараат од нас едноставно не е можно“.

Scroll to Top