Top Sport

„Од спортски причини Барселона треба да го врати Нејмар“

Поранешниот потпретседател на Барселона Џодри Местре смета дека клубот треба да се обиде да го врати Нејмар на „Ноу Камп“.

Бразилецот во летото 2017 година за рекордна сума од 222 милиони евра од Барселона се пресели во Пари Сен Жермен.

Со исклучок на првата сезона Нејмар, медиумите во секој преоден рок го поврзувата Бразилецот со Барселона.

„Ако ја гледаме само емотивната страна, начинот на кој што замина, тогаш не би го вратил во клубот. Но доколку размислуваме спортски, тогаш би го вратил Нејмар. Тој има карактеристики какви што поседуваат само неколку фудбалери. Потребен ни е таков играч, особено на натпреварите кога противникот е повлечен длабоко на својата половина. најважни се резултатите на клубот. Доколку сакаме да почитуваме некои други вредности тогаш е најдобро да се префрлиме на рагби, системот на вредностите тамо е поголем него во фудбалот“, заклучил Местре.

Scroll to Top