Top Sport

Нема суспензија за Шаќири и Џака, само парична казна за Швајцарците

Тројцата швајцарски фудбалери кои го покажаа „орелот“ со своите раце при 2:1 победата над Србија избегнаа суспензија, и беа само парично казнети.

Играчот од средниот ред на Арсенал, Гранит Џака и напаѓачот на Стоук сити, Џердан Шаќири добија казна од 7.500 фунти, а капитенот на Швајцарија и новото засилување на Арсенал, Штефан Лихтштајнер доби 3.700 фунти казна за прославата на вториот гол.

Џака и Шаќири имаат албанско потекло и потегот предизвика бура реакции кај Србите, кои сметаа дека се „ограбени“ од судијата во тој меч.

Ова значи дека тројцата фудбалери ќе бидат достапни во последното коло од нивната група против Костарика, каде што ќе бркаат пласман во осминафиналето. Србија има далеку потешка задача против фаворитот Бразил.

Фото: ЕПА

ФИФА отвори истрага против Швајцарците, но и против српскиот селектор

 

Scroll to Top