Top Sport

Нема Светско првенство за Пауло Гереро

Перу ќе биде без својот капитен и рекорден стрелец на првото Светско првенство за земјата од 1982 година, откако Пауло Гереро доби суспензија од 12 месеци поради позитивен тест на кокаин.

33-годишниот напаѓач на бразилскиот Фламенго, доби условна суспензија по позитивниот тест на стимулантот при 0:0 ремито со Аргентина во октомври, и сега ќе отслужи суспензија до 3 ноември 2018 година.

„Со позитивниот тест на кокаин, играчот го прекрши одделот 6 од анти-допинг правилата на ФИФА и затоа добива суспензија“, се вели во соопштението на ФИФА.

Перу се квалификуваше за СП во Русија првпат од 1982 година, откако го победи Нов Зеланд во интерконтиненталниот бараж, во кој Гереро не настапи.

Поранешниот играч на Баерн Минхен, дебитираше во репрезентацијата во 2004 година и оттогаш има 83 настапи и 32 гола. Тој помогна Перу да заврши на третото место на Копа Америка во 2011 и 2015 година, и двапати беше најдобар стрелец на турнирот. Тој исто така помогна Коринтијанс да победи на Светското клупско првенство во 2012 година, постигнувајќи го победничкиот гол против Челси. Во 2015 тој се приклучи на Фламенго и за клубот од Рио де Жанеиро постигна 42 гола.

Перуанскиот капитен Гереро се појави пред трибуналот на ФИФА

Scroll to Top