По неочекуваниот пораз од Борусија Менхенгладбах во претходното коло, актуелниот германски шампион, Баерн Минхен не си дозволи уште еден кикс, доминирајќи за 3:0 победа на третопласираниот Унион Берлин за враќање на првото место на бундеслигашката табела.
Овојпат Баварците работата ја завршија за десетина минути во првото полувреме. Ерик-Максим Чупо-Мотинг го отвори резултатот во 31. минута, во 40. минута Кингсли Коман зголеми на 2:0, за Џамал Мусијала во 45. минута да осигура 3:0 водство. Во последните два гола асистенции запиша капитенот Томас Милер.
Баерн сега имаат 46 поени на врвот на Бундеслигата, исто како второпласираната Борусија Дортмунд (со послаба гол-разлика), додека Унион остануваат трети со 43 поени.
БУНДЕСЛИГА, 22.КОЛО
Баерн Минхен – Унион Берлин 3:0
Фрајбург – Баер Леверкузен 1:1