Top Sport

„Нема зима“ за Ванда – доби вила во Буенос Аирес од Макси Лопез

По скандалот кој ги полнеше страните на аргентинските, италијанските и фрацуските таблоиди околу мамењето на нејзиниот сопруг Мауро Икарди, Ванда Нара доби палата од 2 милиони долари од нејзиниот поранешен сопруг, Макси Лопез, тврдат аргентинските медиуми.

Макси Лопез се разведе од Нара во 2013 година, кога таа почна врска со поранешниот соиграч на Лопез од Сампдорија, Икарди, за следната година да влезе во брак со него и да има две ќерки. Икарди, пак, последниот месец дена беше обвинет дека имал афера со актерката Еугенија Суарез, по што според „Џенте“, Макси Лопез контактирал со Нара и пристигнал во Париз, каде што ги чувал трите сина кои ги има со Ванда, Валентино, Константино и Бенедикто. Ванда и Икарди, наводно, се смирени, откако аргентинскиот напаѓач на ПСЖ имаше неколку постови на Инстаграм.

Адвокатката на Нара, Ана Розенфелд објави дека таа ќе ја преземе контролата на луксузната куќа во предградието на Буенос Аирес, како обесштетување за парите за алиментација кои и ги должел Макси Лопез.

Scroll to Top