Top Sport

Мбапе или Салах? Реал подготвиле 170 милиони евра

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, наредното лето планирал во тимот да донесе уште една голема ѕвезда на светскиот фудбал. Резултатите во првите две кола во Лигата на шампионите на Перез му ставиле до знаење дека ќе мора да вложи дополнителни средства во тимот.

Според неколку шпански медиуми претседателот на Реал на врвот на спискот на потенцијални засилувања имал две имиња и бил сугурен дека наредното лето еден од нив ќе пристигне на „Сантојаго Бернабеу“.

Перез подготвил 170 милиони евра, а прва цел ќе му биде Килијан Мбапе. Доколку не успее да го договори него тогаш ќе се насочи кон ѕвездата на Ливерпул, Салах.

Овие двајца се недопирливи во ПСЖ, односно Ливерпул, но Перез во минатото со трансферите на Зидан, Фиго, Бразилецот Роналдо, Кристијано Роналдо…покажал дека секој фудбалер има своја цена.

Scroll to Top