Казахстанскиот клуб Астана имаше порази во своите последни шест меча од Лига Европа со вкупен скор од 1:17. Но, тука е Манчестер јунајтед, кој со помладен тим успеа да загуби во Казахстан со 2:1 од апсолутниот аутсајдер.
А, работите почнаа толку добро. Оле Гунар Солскјер се реши да постави млад тим на гостувањето откако „ѓаволите“ беа квалификувани за нокаут фазата, со просек од 20 години и 221 ден на стартот на мечот. Џеси Лингард, честа да биде капитен на овој тим, ја прослави со гол уште во 10-тата минута, но по неколку страшни промашувања, во второ полувреме стигна казната.
Дмитриј Шомко во 55. минута израмни, пред во 62. минута, 19-годишниот Ди’Шон Бернард да ја смести топката во сопствената мрежа за водство на Астана.
ЛИГА ЕВРОПА, 5.КОЛО
ГРУПА Ц
Краснодар – Базел 1:0
Трабзонспор – Хетафе 0:1
Табела: 1.Базел 10, 2.Хетафе 9, 3.Краснодар 9, 4.Трабзонспор 1
ГРУПА Л
Астана – Манчестер јунајтед 2:1
АЗ Алкмар – Партизан 18.55 ч.
Табела: 1.Манчестер ј. 10, 2.Алкмар 8, 3.Партизан 4, 4.Астана 3