Top Sport

Неморална понуда: ПСЖ на Мбапе му понудиле 50.000.000 евра годишна плата

ПСЖ по секоја цена се обидува да го задржи Килијан Мабпе на „Паркот на принцовите“. „Паризијен“, објави дека претпладнево двете страни одржале нов состанок. Катарските сопственици би биле задоволни и доколку Мбапе се согласи да потпише две годишен договор. Доколку се согласи ќе стане играчот со најголема плата во светот.

Долго време трае сагата, во која главната улога ја има Килијан Мбапе. Неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната. Досега одбил неколку понуди да потпише нов договор и во исто време дематираше дека од наредната сезона ќе го носи дресот на Реал.

„Ќе дадам се од себе со ПСЖ да ги својам сите можни трофеи. Имам голем респект кон клубот и соиграчите. Не сум одлучил за иднината. Играм за Пари Сен-Жермен, еден од најдобрите клубови на светот. Овој меч нема да влијае на мојата иднина. “, изјави Мбапе пред мечот со Реал.

„Паризиен“, излезе со информации од последниот состанок. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, на Мбапе му понудил неделна плата од 1.000.000 евра, годишно тоа се 52.000.000 евра. Ал Келаифи би бил задоволен и доколку Мбапе прифати да потпише договор на две години.

Scroll to Top