Top Sport

Ненад Бјелица ќе му биде тренер на Барди во Трабзонспор

Поранешниот тренер на Динамо Загреб и Осиек, Ненад Бјелица е нов тренер на актуелнио турски шампион Трабзонспор, каде што ќе работи со македонскиот репрезентативец Енис Барди.

По шампионската сезона, Трабзон оваа сезона се само шестопласирани во Турската Суперлига со надеж дека до крајот на сезоната ќе влезат во европските натпреварувања. Бјелица, кој во кариерата работеше со повеќе австриски клубови, но и Специја и Лех, потпишува двегодишен договор со 1.6 милиони евра годишна плата.

Scroll to Top