Top Sport

Необјаснив потег на Солскјер – им дал 7 дена одмор на фудбалерите!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер со нов потег кој ќе наиде на осуда од фудбалските фанови на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед победи само еднаш последните 6 меча во Премиерлигата, и во тој период доживеа тешки порази од Лестер, Ливерпул и Манчестер Сити.

Менаџерот на тимот со недели се наоѓа на „тенок мраз“ – мета е на напади од англиските медиуми, но и од фановите.
Сепак, се чини дека тој не е преоптоварен поради тоа, па донел одлука на своите фудбалери да им даде 7 дена одмор, во текот на репрезентативната пауза.

Оле проценил дека е подобро играчите кои немаат обврски со националните тимови да одмараат, отколку да тренираат и што подобро да се подготват за следните предизвици.

Норвежанецот бил виден како со семејството се качиле на авион и заминале кон татковината.

Многумина на „Олд Трафорд“ се зачудени од овој потег на стратегот.

Scroll to Top