Top Sport

Тоти му одговори на Касано: Јас веќе се заборавив самиот себеси

Легендата на Рома, Франческо Тоти очигледно не се лути на својот поранешен соиграч, Антонио Касано, кој изјави дека Тоти ќе биде заборавен за 20 години, велејќи дека тој уште му е пријател.

Поранешниот играч на Бари, Рома, Реал Мадрид, Интер, Милан и Сампдорија, Касано во разговор со Кристијан Виери посочи дека Тоти не влегува во легендите на светскиот фудбал, бидејќи за 20 години ќе биде „заборавен“.

Тоти, кој учествуваше на турнир во мал фудбал, даде интересен одговор.

„Така и треба да биде, јас веќе се заборавив самиот себеси. Нема потреба никој да застанува во моја одбрана“, изјави Тоти на шега.

Кога беше запрашан за својот однос со „поранешиот пријател“ Касано, Тоти веднаш интервенираше.

„Неее, Антонио е уште пријател, не е поранешен“, одговори Тоти.

Синот на Фалкао му одговори на Касано: Сите се сеќаваат на твојот капут

Scroll to Top