Top Sport

Неочекуван проблем за Португалија – Бернардо Силва има повреда на мускулот!

Селекторот на фудбалската селекција на Португалија, Фернандо Сантош им неочекуван проблем пред последните два меча од квалификациите за пласман на СП во Катар идната година.

Денешниот утрински тренинг на Португалците поминал без фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, а како причина за тоа се наведува воспаление на мускулот на ногата поради што тој ќе е неизвесен за дуелите со Репубика и со Србија.

Останатите 24 повикани играчи тренирале нормално, а дури шестмина ризикуваат суспензија за мечот со „орлите“ кој по сите математики ќе е одлучувачки за двете репрезентации за директен пласман на Мундијалот.

Против Ирците ќе треба да внимаваат да не „пожолтат“ Жоао Кансело, Рубен Дијаш, Жозе Фонте, Жоао Палињо, Ренато Санчез и Диего Жота.

Португалија пред последните 2 кола има еден бод, но и еден натпревар помалку од Србија, па без оглед на резултатот во Даблин, мечот во Лисабон во недела од 20.45 часот ќе одлучува за директниот патник во Катар.

Ако утре Португалците предводени од Кристијано Роналдо ја совладаат Р. Ирска, во недела против Србија ќе им биде доволен и бод.

Scroll to Top