Андре Ширле, светскиот шампион со Германија од 2014 година објави крај на фудбалската кариера и тоа на 29 години.
Ширле со својата одлука ја шокираше јавноста затоа сигурно можеше да игра уште неколку години, иако кариерата му е во драстичен пад последните неколку години.
Ширле за „Панцирите“ одигра 57 меча и постигна 22 гола, а на Мундијалот во Бразил асистираше до Геце за победничкиот погодок.
Неодамна тој доби отказ од Борусија Дортмунд, и иако имаше понуди, реши да заврши со фудбалот.
Во кариерата играше за Мајнц, Баер Леверкузен, Челси, Фулам, Волфсбург, Борусија (Д) и Спартак Москва.
? OFFICIEL ! André Schürrle (29 ans) prend sa retraite ! pic.twitter.com/cID9ku2bwL
— Actu Foot (@ActuFoot_) July 17, 2020