Хрватскиот фудбалски интернационалец, Марио Манџукиќ не е прв избор за новиот тренер Маурицио Сари во составот на Јувентус. Откако на Хрватот летово му пропаднаа обидите да направи трансфер во Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид, преодниот рок во Италија дојде во „фото-финиш“, па останува тој да биде резервна опција во нападот на „Старата дама“.
Меѓутоа, медиумите во Италија денеска пишуваат дека Манџукиќ го бара катарски Ал-Гарафа кој му нуди тригодишен договор вредн 5,5 милиони евра годишно (повеќе од што заработува во моментов во Јуве).
Сепак, се чини Мнаџукиќ ќе ја одбие оваа понуда судејќи по тоа дека досега ги одбиваше сите примамливи понуди од Кина и останатите „егзотични“ земји затоа што сака да игра врвен фудбал во Европа.