Спортскиот директор на Аталанта, Умберто Марино признава дека „колапсот“ на тимот во вториот дел од сезоната е „несфатлив“, но ветува дека клубот е зад тренерот Џанпјеро Гасперини, кој ја има целосната поддршка.
Малиот клубод Бергамо последните три сезони играше во Лигата на шампионите, пред традиционалните големи италијански клубови и тоа во период во кој градот во Ломбардија беше посебно погоден од корона вирусот. Меѓутоа, оваа сезона тие се на осмото место со 56 поени, израмнети со Фиорентина и со ризик дека следната сезона нема да има европски фудбал.
„Имаме уште три меча и ќе се бориме до крај. Тешко е да се прават предвидувања, но нема да се предадеме. Сите се прашуваме истото – од претседателот на клубот до фудбалерите. Несфатлива е формата во вториот дел од сезоната и не може да се објасни само со фитнес-проблеми или повреди. Нема што да разјаснуваме околу Гасперини. Дијалогот е постојан и нема да има промени“, вети Марино.