Top Sport

Неславен рекорд на Манџукиќ: Доби два жолти картони за пет секунди (Видео)

Марио Манџукиќ, напаѓачот на Јувентус, што поскоро ќе сака да го заборави дуелот во Удине, против Удинезе, каде што успеа за само неколку секунди да заработи исклучување, откако доби два жолти картини.

Хрватскиот репрезентативец, во 26 минута, приводство на неговиот тим 1:2, непотребно велзе во расправија со десниот бек на домашниот тим, Али Аднан. Иранецот протестираше кај Манџукиќ сметајќи дека се обидел да изнуди пенал, поради што настана мала мешаница, а главниот судија Даниеле Довери ги казни двајцата со по жолт картон.

Но пет секунди подоцна, откако Манџукиќ нешто му дофрли уште еднаш со жолт картон го казни Хрватот и му го покажа патот кон соблекувалната.

Иако речиси 70 минути играше со играч помалку Јувентус го декласира домаќинот со 2:6, а творец на триумфот беше Сами Кедира кој постигна хет-трик. Покрај германскиот репрезентативец стрелци за Јувентус беа уште Самир кој си постигна авто-гол, односно Ругани и Пјаниќ.

Головите за Удинезе ги постигнаа Перица и Данило.

Јувнетус во деветтото коло ја забележа седмата победа, додека Удинезе го запиша седмиот пораз. „Старата дама“ има 22 бода и е на третото место, додека Удинезе со шест бода и на 16 место во Серија А.

Scroll to Top