Top Sport

Хамилтон чекор поблиску до титулата

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на САД, која се возеше на патеката во Остин. Британецот кој стартуваше од пол-позицијата до 62 победа во кариерата дојде со вкупно време 1:33:50.933 часа. Покрај Хамилтон место на подиумот освоија уште возачите на Ферари и Ред Бул, Себастијан Фетел и Макс Ферстапен.

Хамилтон во Остин рутинирано стигна до победата, која за него е четврта во низа на оваа патека, односно петта во последните шест години. Фетел го освои второто место и ги задржа теоретските шанси во борбата за титулата, а трет беше Ферстапен кој возеше брилијантна трка.

Сепак по завршувањето на трката стјуардите му го вратија третото место на Раиконен, бидејќи го казнија со пет секунди Ферстапен. Болидот на Холанѓанецот во моментот кога го претекнувал Раиконен со сите четири тркала бил надвор од патеката.

Фетел не победи, но за утеха постави рекорд на патеката, односно извозе најбрз круг 1:37.957 минути.

Британецот само на почетокот имаше проблеми, кога во првиот свиок го загуби првото место од Фетел, но челната позиција ја врати во седмиот круг и со исклучок кога беше во боксот, повеќе не ја испушти.

Почетокот на трката донесе и голема борба за третата позиција помеѓу Ботас и Рикардо, Финецот три пати успеа да ги одбие нападите на возачот на ред Бул, кој потоа поради своја грешка трката ја заврши во 16 круг.

Возбудувања на патеката немаше се до 42 круг, кога Раиконен изби на второто место пред Ботас. Возачот на Мерцедес во тие моменти поради истрошените пневматици започна да го губи ритамот, па во 51 круг ја загуби позицијата од Фетел, кој веднаш потоа лесно го мина тимскиот колега Раиконен.

Трката кулминираше во последниот круг кога Ферстапен во претпоследниот свиок успеа да го престигне Раиконен и да стигне до третото место. Младиот Холанѓанец е јунак на трката бидејќи стеруваше од 15 место.

Исто така блескаше и Карлос Саинц јуниор кој во своето деби за Рено на крајот го освои седмото место.

Покрај најбрзите тројца Хамилтон, Фетел и Ферстапен бодови во САД освоија уште и
Кими Раиконен (Ферари), Валтери Ботас (Мерцедес), Естебан Окон (Форс Индија), Карлос Саинц јуниор (Рено), Серхио Перез (Форс Индија), Фелипе Маса (Вилијамс) и Данил Квјат (Торо Росо).

На три трки до крајот на сезоната (Мексико, Бразил, Абу Даби) лидер во шампионатот е Хамилтон со 331 поени, втор е Фетел со 265.

Наредната трка во шампионатот на Формула 1 ќе се вози на 29 октомври во Мексико.

POS NO DRIVER CAR LAPS TIME/RETIRED PTS
1 44 Lewis Hamilton MERCEDES 56 1:33:50.991 0
2 5 Sebastian Vettel FERRARI 56 +10.143s 0
3 7 Kimi Räikkönen FERRARI 56 +15.779s 0
4 33 Max Verstappen RED BULL RACING TAG HEUER 56 +16.768s 0
5 77 Valtteri Bottas MERCEDES 56 +34.967s 0
6 31 Esteban Ocon FORCE INDIA MERCEDES 56 +90.980s 0
7 55 Carlos Sainz RENAULT 56 +92.944s 0
8 11 Sergio Perez FORCE INDIA MERCEDES 55 +1 lap 0
9 19 Felipe Massa WILLIAMS MERCEDES 55 +1 lap 0
10 26 Daniil Kvyat TORO ROSSO 55 +1 lap 0
11 18 Lance Stroll WILLIAMS MERCEDES 55 +1 lap 0
12 2 Stoffel Vandoorne MCLAREN HONDA 55 +1 lap 0
13 39 Brendon Hartley TORO ROSSO 55 +1 lap 0
14 8 Romain Grosjean HAAS FERRARI 55 +1 lap 0
15 9 Marcus Ericsson SAUBER FERRARI 55 +1 lap 0
16 20 Kevin Magnussen HAAS FERRARI 55 +1 lap 0
NC 14 Fernando Alonso MCLAREN HONDA 24 DNF 0
NC 3 Daniel Ricciardo RED BULL RACING TAG HEUER 14 DNF 0
NC 94 Pascal Wehrlein SAUBER FERRARI 5 DNF 0
NC 27 Nico Hulkenberg RENAULT 3 DNF 0
Scroll to Top