Top Sport

Несреќен случај е трагедија која го потресе англискиот фудбал

Несреќен случај е хеликоптерската несреќа, во која меѓу другите загина и сопственикот на Лестер, Вичај Шривадханапраба, на 27 октомври 2018 година.

Ова го соопшти истражната порота за несреќата во која загинаа пет лица.

За потсетување, хеликоптерот се урна по полетувањето во близина на стадионот „Кинг Пауер“ по ремито на Лестер со Вест Хем.

Во пресудата се наведува дека хеликоптерот ги поседувал сите сертификати и дека пилотот ги користел сите расположливи и можни средства за да ја врати контролата врз леталото.

Шривадханапраба го купи Лестер во август 2010 година за 50 милиони долари и помалку од шест месеци подоцна стана претседател на клубот.

Под негово водство клубот влезе во Премиер лигата во 2014 година, а во сезоната 2015/2016 ја освои шампионската титула и покрај коефициентот 5.000:1.

Scroll to Top