Top Sport

Несреќна „13-ка“ за Шалке, Леверкузен се врати за реми (видео)

Рекордната низа без победа на Шалке продолжи и сега достигна 13 меча, откако на „Велтинс арената“, „Кенигсблауен“ одиграа само 1:1 против Баер Леверкузен.

Тимот на Давид Вагнер (кој за чудо уште има работа), успеа да стигне до водство во 51. минута од мечот со гол од пенал на Даниел Калигури, а домаќините имаа уште неколку убави шанси, пред во 81. минута Паулињо да донесе поен за „фармацевтите“.

Со поенот, Шалке е на деветтото место на табелата со 39 поени, како клуб кој освоил најмалку поени по рестартот на Бундеслигата, додека Леверкузен се на четвртото место со 57 поени.

Scroll to Top