Италијанскиот стручњак и легендарен фудбалер, Алесандро Неста (47) повторно ќе работи како тренер. Тој беше официјално претставен во Реџиана.
Реџиана се врати во Серија Б, а Неста потпиша договор со 2024 година. Глвана цел на Неста е да избори опстанок во Серија Б.
Неста е без работа од март 2021 година, кога се раздели со Фросиноне, а ги тренираше и Мајами и Перуџа.
Што се однесува до неговата кариера како фудбалер, тој е еден од најдобрите во историјата на Италија, а ФИФА го вклучи во топ 100 на сите времиња.
Играше за Лацио и Милан, два пати ја освои Серија А, Купот на Италија, Лигата на шампионите и два пати Суперкупот на Европа.
Светски шампион стана со репрезентацијата на Италија во Германија во 2006 година, кога оваа земја ја освои последната од четирите светски шампионски титули.