48-годишниот Алесандро Неста, поранешен легендарен играч на Лацио и Милан, ја презеде тренерската функција во италијанскиот фудбалски прволигаш Монца.
Неста на клупата на Монца го наследи Рафаеле Паладино, кој кариерата ќе ја продолжи во Фиорентина.
Неста потпиша едногодишен договор со Монца, кој автоматски ќе биде продолжен доколку ги оствари целите поставени од клупските челници.
Неста ја започна својата професионална играчка кариера во Лацио, каде настапуваше девет сезони, а потоа се пресели во Милан, со кого двапати ја освои шампионската титула во Серија А, а беше и двократен освојувач на Лигата на шампионите, во 2003 и 2007 година. Кариерата ја заврши играјќи за Монтреал и индискиот тим Ченаиин.
За италијанската репрезентација одигра 78 натпревари и беше член на селекцијата која го освои светскиот шампионат во 2006 година.
Тренерската кариера ја започна во американскиот второлигаш Мајами, а потоа се врати во Италија каде ги тренираше Перуџа, Фросиноне и Реџиана. Минатата сезона Монца го зазеде 12. место во Серија А.