Top Sport

Нестор-гол со глава го матира Шчесни (видео)

Македонскиот фудбалски интернационалец, Илија Несторовски во дресот на Удинезе вечерва игра против лидерот во Серија А, Јувентус со Кристијано Роналдо во составот.

По првото полувреме Јуве водеше со 0-1 со голот на дефанзивецот Де Лихт.

Сепак Македонецот по една нафрлена топка од левата страна, одлично биеше со глава покрај немоќниот Шчесни за 1-1.

Удинезе се бори за опстанок во лигата, па овој гол има посебна вредност доколку на крајот аутсајдерот успее да освои некој бод.

Scroll to Top