Top Sport

Венус ќе ја предизвика Вознијацки

Венус Вилијамс ќе се соочи со Каролине Вознијацки во финалето на ВТА финалето во Сингапур, откако со 6:7(3)/6:2/6:2 ја доби тешката битка со инспирираната Французинка Каролине Гарсија.

По два часа и 30 минути игра, 37-годишната американска ветеранка влезе по третпат во ВТА финалето, но првпат од 2009 година. Венус ја освои титулата од завршниот турнир на сезоната во 2008 година, кога ја совлада Вера Звонарева во финалето, додека следната година загуби од својата помлада сестра Серена.

Во третиот меѓусебен дуел меѓу двете тенисерки, имаше конкурентен тенис, можеби не најдобар според квалитетот, но посветеноста беше тука од почетокот до крајот. Гарсија, која последна се пласираше на завршниот турнир, го доби првиот сет во тај-брејк, а имаше и три брејк топки во следните два сета, но не успеа да постави притисок на играта на Вилијамс. Ова е трето финале оваа сезона за Венус по големите финалиња на Австралија опен и Вимблдон.

Scroll to Top