Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски заработил повреда на коленото на вчерашниот тренинг за својот клуб Удинезе.
Италијанските медиуми јавуваат дека ситуацијата не е позитивна иако засега не е позната тежината на повредата на „Нестор гол“, а по анализите деновиве ќе се знае точната дијагноза.
Непознаница е дали се работи за истегнување или оштетување на лигаментите на коленото што би можело да го одалечи напаѓачот од терените на подолг период.
Почетокот на дебитантското ЕП за Македонија е во јуни, па стравувањата на домашната јавност се дали Несторовски ќе биде комплетно подготвен да му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски.
Сезонава во Калчото треба да се одиграат уште 6 кола, но тимот од Удине кој е на 12-тата позиција не е загрозен со губење на прволигашкиот статус.
Distorsione al ginocchio sinistro per Nestorovski – https://t.co/dj000ZMAUQ pic.twitter.com/JRofR4s9CW
— Udinese TV (@UdineseTV) April 24, 2021