Top Sport

Несторовски и Доријан Бабунски со дебитантски голови, погоди и Ердон Даци

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски стигна до дебитантскиот гол во дресот на Асколи. Тој го постигна единствениот гол за својот тим во ремито (1:1) против Сампдорија во Серија Б.

Несторовски постигна гол за водство на Асколи во последните мигови од првото полувреме, а Сампдорија израмни од пенал со голот на Фабио Борини во 51.минута.

Доријан Бабунски исто така го постигна дебитантскиот гол за Грасхоперс. Тој стрелаше во триумфот (0:3) на неговиот тим против Ивердон.

Бабунски погоди во 72.минута и го постигна третиот гол за Грасхоперс, откако Авер Мабил претходно беше стрелец на два гола.

Ердон Даци исто така беше стрелец на гол, прв оваа сезона во шампионатот на Белгија. Тој постигна гол во 35. минута и му донесе триумф (1:0) на својот тим Вестерло во мечот против Кортријк.

 

Scroll to Top