Top Sport

Несторовски и Елмас поделија по бод, ама на клупата за резерви

Калчолигашите Удинезе, на македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски и Наполи, на младиот Елиф Елмас одиграа нерешено 1-1 во меч од 15 коло во италијанската Серија А.

Ласања во 32 минута донесе водство од 1-0 за домашните, а Наполи изедначи со голот на Зиелински во 69 минута.

Наполитанците по некомплетното коло останаа 7-ми на табелата, без изгледи за вмешување во борбата за највисок пласман, додека пак, Удинезе ја поправи мини-серијата од два порази и освои драгоцен бод во битката за избегнување на место кое води во понизок ранг.

Наполи веќе 7 меча е без победа, па сериозно е раснишана тренерската позиција на Карло Анчелоти.

Scroll to Top