Top Sport

Од очај до сјај за ПСЖ, пресврт-победа кај Монпелје (видео)

Фудбалерите на ПСЖ со победа од 3-1 се враќаат од гостувањето кај Монпелје откако 74 минути имаа заостаток. „Светците“ по пресврт во последните 15 минути успеаја да ја запишат 13-тата победа во Лига 1.

Монпелје до водство дојде во 41 минута, по автоголот на Леандро Паредес. Со тој резултат се отиде на одмор.
Предноста на домаќините беше актуелна се до 72 минута, кога Педро Мендес поради втор жолт картон беше исклучен од игра. Тогаш започна пресвртот.

Само две минути подоцна бразилската ѕвезда Нејмар постигна убав погодок од слободен удар, за израмнување на 1-1.


По само 2 минути ПСЖ со голот на Мбапе дојде до предност од 2-1, а конечните 3-1 за француските шампион беа дело на Мауро Икарди во 81 минута.

Scroll to Top