Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски во 79 минута влезе во игра на денешниот дуел од Серија А меѓу Верона и Удинезе.
Сепак тој не успеа да помогне да се избегне поразот од 1-0, со голот на Фавили во 57 минута.
Претходно, Сасуло како гостин славеше триумф од 4-1 против новиот прволигаш Специја.
Мечот го одбележаа трите поништени погодоци на гостинскиот играч Капуто, сите поради офсајд.