Top Sport

Несторовски се враќа во пеколна форма – нов гол за Палермо! (видео)

Илија Несторовски го постигна својот трет гол во два меча за да ги предводи Палермо до тешка 1:0 победа над Кротоне на „Ренцо Барбера“, победа со која тимот од Сицилија се искачи на петтото место во Серија Б.

Несторовски, кој сезоната ја започна повреден, минатиот викенд се врати со два гола против Перуџа, а овојпат во 86. минута беше прецизен за трета победа на Палермо оваа сезона, во која повторно ќе се обидат да се вратат во елитата.

Scroll to Top