И покрај големите најави за „тресење“ на италијанскиот фудбал, новиот прволигаш, Монца на поранешниот газда на Милан и експремиер, Силвио Берлускони ја стартуваше сезоната со три порази во низа, губејќи дома од Удинезе со 1:2.
По можеби очекуваните порази од Торино и Наполи, на „Бриантео“ очекуваа повеќе против Удинезе, и започнаа одлично, кога Андреа Колпани ги донесе во водство во 32. минута. Меѓутоа, радоста траеше кратко и гостите израмнија преку Бето веќе во 36. минута.
Удинезе, за кои Илија Несторовски влезе во игра во 68. минута, ги запечатија трите поени во 78. минута преку Дестини Удоџи, по убвата реакција на македонскиот репрезентативец.
Ilija Nestorovski assist, Udinese lead Monza 2-1. ???
— Football Macedonia (@MacedonianFoot_) August 26, 2022