Top Sport

Нестровски и Трајковски со Палермо ќе играат бараж за пласман во Серија А

Фудбалерите на Палермо попладнево ремизираа со Специја 2:2, во рамките на 36 коло, во Серија Б, со што на минимум си ги сведоа шансите за директен пласман во најсилниот ранг во италијанскиот фудбал.

Палермо на последните три натпревари, три пати одиграа нерешено и доколку Бреша и Лече во ова коло забележат победи, тогаш овие два тима денес ќе бидат промовирани во нови членови на Серија А, додека Палермо ќе игра во баражот.

Илија Несторовски го одигра целиот натпревар против Специја, додека Александар Трајковски на теренот влезе во 76 минута.

На „Ренцо Барбера“, Меџиоре во 30 минута го постигна првиот гол за Специја, израмни три минути подоцна преку Јајало, а во 40 минута Морео погоди за предност на Палермо. Во самиот финиш на првиот дел Маџиоли со својот втор гол израмни на 2:2.

Scroll to Top