Top Sport

Атлетико Мадрид се заинтересирани за Елмас

Атлетико Мадрид е уште еден клуб што покажал сериозен интерес за услугите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, објавија во средата турските медиуми. Елмас од 2017 година е играч на Фенербахче.

Фенербаче, поради финансиските проблеми мора да продаде неколкумина фудбалери во летниот преоден рок, а меѓу ние е и македонскиот репрезентативец. Неговата вредност на фудбалскиот пазар се проценува на 15 милиони евра, а покрај Атлетико заинтересирани за него се Севилја, Тотенхем, Лестер…

Челниците на Атлетико и тренерот Чоло Симеоне, според турските медиуми, биле подготвени на колегите од Фенербахче да им понудат размена, односно тие во замена за Елмас биле подготвени во Турција да го испрата Хрватот Никола Калиниќ.

Scroll to Top