„Мбапеманија“ официјално започна во Мадрид.
„Кралскиот клуб“ продаде 7.000 дресови на својот нов играч Килијан Мбапе за рекордно време, за само еден ден. Поточно, за само неколку часа.
На денот кога го пушти во продажба белиот дрес со бројот „девет“ и презимето на новата ѕвезда на тимот, дојде невиден интерес за меговиот дрес. Такво лудило за парче платно на фудбалерот на Реал немаше дури ни кога Кристијано Роналдо своевремено го моделираше својот пат низ вратите на најголемиот клуб во светот.
На првиот ден од продажбата, мадриѓаните веднаш беа преплавени од илјадници „онлајн“ барања, па набрзо мораа да ги известат сите кои не го добија дресот во првиот бран, да бидат трпеливи.
Се ближи промоцијата на Килијан Мбапе во Реал, таа е закажана за 16 јули.
Интересно е што гостин на тој ден во свечената сала на Реал, веќе позната по претставувањето на најголемите ѕвезди на тимот, ќе биде легендарниот Зинедин Зидан, досега најславниот француски играч во историјата на Реал.
🆕👕9️⃣ GET YOUR @KMBAPPE SHIRT NOW!
🛒 https://t.co/QsdSh6VVpd pic.twitter.com/Mjog9FRTtS— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) July 11, 2024