Top Sport

Нестварна сцена во Белград: Телефонира среде натпревар (Видео)

Партизан синоќа забележа победа над Молде 2:1 во првиот меч од плеј-офот за пласман во Лига Европа, а во центарот на вниманието беше непрофесионализмот на напаѓачот на домашниот тим Умар Садик.

22 годишниот Нигериец го започна мечот, но поради лошата игра (еден од најслабите на теренот) бил заменет во паузата помеѓу двете полувремиња.

Некаде на средината од вториот дел камерите го уловија Садик како седи на оградата на трибините и разговара на телефон. Според гестикулацијата не бил премногу расположен.

Останува да се види како ќе реагира клубот на ваквото однесување на Садик.

Scroll to Top