Top Sport

За Мустафи и Елнени нема место во Арсенал

Менаџерот на Арсенал Унаи Емери им порачал на двајца фудбалери дека имаат време крајот на преодниот рок да си најдат нови екипи бидејќи не сметал на нивните услуги.

Во пресрет на дербито со Ливерпул, Емери, на новинарите им соопштил дека не смета на Шкодран Мустафи и Мохамед Елнени.

„Сакам играчите овде да бидат среќни, сакам да бидат протагонисти, а минатата сезона Шкодран и Мо не беа среќни кога не играа…Многу разговарав со нив двајца и мислам дека е позитивно да потпишат за друг тим каде ќе бидат меѓу главните актери и каде ќе бидат среќни“, рекол Емери.

Мустафи има понуда да се пресели во Рома, каде сезонава би играч како позајмен фудбалер. Меѓутоа тој најавил дека нема да замине од Арсенал.

Слична понуда има и Елнени. Негова позајмица побарале од Галатасарај.

„Тоа се големи фудбалери, но тука поради околностите ќе имаат малку шанси да го покажат својот капацитет…Тие знаат каква е ситуацијата, јас им посакувам се најдобро и мислам дека треба да најдат нов предизвик“, заклучил Емери.

Scroll to Top