Top Sport

Нестварно е во каква форма игра Ерлинг Халанд

Ерлинг Халанд продолжи да ги поместува границите и да ги руши сите можни рекорди.

Норвежанецот е најзаслужен за пласманот на својата репрезентација на Светското првенство, прво од 1998 година, бидејќи е убедливо најдобриот стрелец во квалификациите со дури 16 постигнати гола на осум натпревари.

Халанд веќе постигна 32 гола во сите натпреварувања за Сити и Норвешка оваа сезона, а сè уште е ноември.

Постои уште еден неверојатен факт, Халанд одигра 48 натпревари за репрезентацијата и постигна 55 гола.

Верувале или не, Халанд има ист број голови за Норвешка како и Килијан Мбапе за Франција, единствената разлика е што на Французинот му беа потребни 94 натпревари, речиси двојно повеќе од Норвежанецот.

Не е ни чудо што медиумите денес пишуваат за фактот дека Норвешка ќе биде потенцијално изненадување на Светското првенство следното лето.

Foto/ EPA

Scroll to Top