Top Sport

Неуништливиот Дани Алвеш дебитираше со гол за Сао Пауло (видео)

Дани Алвеш ова лето се врати во својата татковина, потпишувајќи со Сао Пауло, и во својот прв меч покажа колку вреди и покрај неговите 36 години, постигнувајќи го победничкиот гол за 1:0 триумф над Сеара во бразилската Серие А.

Бразилската легенда во Сао Пауло не игра како дефанзивец туку е фокусиран на нападот од средината на теренот, и во неделата покажа зошто е човекот со најмногу трофеи во кариерата постигнувајќи интелигентен гол за победа.

Scroll to Top