Top Sport

Неверојатен гаф на Јувентус – по казната од 15 поени, прават промоција со 15% попуст

Јувентус повторно се мета на потсмев на ривалските навивачи на социјалните мрежи, откако објавија попуст од 15 отсто на билетите за мечот со Аталанта, еден ден откако им беа одземени 15 поени за скандалот со вештачкото зголемување на капиталот преку прикажување на повисоки цени за своите фудблери.

„Бјанконерите“ во таканаречена „зимска промо“ акција решија да ги намалат цените на билетите за мечот со Аталанта во недела за точно 15 поени. Или некој има добра смисла на хумор, или се работи за тежок кикс.

Scroll to Top