Top Sport

Неверојатен холандски кам-бек за „шок“ за Германија, но и за Франција (видео)

Холандија постигна два гола во финишот на натпреварот за да извлече 2:2 реми на гостувањето кај лутите ривали Германија во Гелзенкирхен, со што репрезентацијата која не настапи на последното СП се пласираше во финалето на Лигата на нации пред светските шампиони Франција.

Германија водеше со 2:0 по само 20 минути игра откако Тимо Вернер во 9. минута и Лирој Сане во 20. минута ги „матираа“ Холанѓаните, но како што самите Германци знаат, фудбал се игра 90 минути. Квинси Промес намали на 2:1 во 85. минута пред во 91. минута, дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк да израмни на 2:2.

Со ремито, „лалињата“ го освојуваат првото место на табелата со 7 поени, исто како и Французите, но со подобра гол-разлика (8:4 и 4:4), со што потврдија дека го заслужуваат местото во елитата и покрај слабите резултати во последните десетина години. Германија пак, патува во Лига Б без победа во четири меча.

Овој резултат значи дека Холандија, Португалија, Англија и Швајцарија ќе учествуваат во финалето на Лигата на нации во јуни 2019 година, кое ќе се одржи во една од нациите учеснички, што ќе се одреди следниот месец.

Бугарија пак, пропушти совршена шанса за пласман во Лига Б, откако на домашен терен одигра 1:1 со Словенија, за да дозволи Норвешка со 2:0 победата на гости на Кипар да влезе во „втората лига“.

ЛИГА НА НАЦИИ,7.КОЛО

ЛИГА А, ГРУПА 1

Германија – Холандија 2:2

Табела: Холандија 7, Франција 7, Германија 2

ЛИГА Б, ГРУПА 1

Чешка – Словачка 1:0

Табела: Украина 9, Чешка 6, Словачка 3

ЛИГА Б, ГРУПА 4

Данска – Ирска 0:0

Табела: Данска 8, Велс 6, Ирска 2

ЛИГА Ц, ГРУПА 3

Бугарија – Словенија 1:1

Кипар – Норвешка 0:2

Табела: Норвешка 13, Бугарија 11, Кипар 5, Словенија 3

ЛИГА Д, ГРУПА 1

Андора – Летонија 0:0

Грузија – Казахстан 2:1

Табела: Грузија 16, Казахстан 6, Летонија 4, Андора 4

Scroll to Top