Барселона вечерва гостува на „Сан Паоло“ во Наепол во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.
Каталонците од синоќа се во Наепол. Тие одработиле еден тренинг на стадионот каде ќе се одигра натпреварот, а потоа се повлекле во еден од хотелите во центарот на градот.
Навивачте на Наполи дознале каде е сместена експедицијата на Барселона. Стотина навивачи на Наполи се собрале пред хотелот и го извикувале името на Лионел Меси.
Италијанските медиуми пишуваат дека по Диего Марадона, кој е божество во Неапол, ниту еден друг фудбалер не бил пречекан на ваков начин.
https://twitter.com/LeooMessi10i/status/1231950743617318913