Top Sport

Вајлдер има „алиби“ за поразот од Фјури

Дионтеј Вајлдер, во неделата, го доживеа првиот пораз во професионалната кариера. Во Лас Вегас, тој беше нокаутиран во седмата рунда од Тајсон Фјури.

Вајлдер покрај поразот остана и без шампионскиот појас во ВБЦ верзијата. Во првото интервју по борбата тој ги објаснил причините за поразот.

„Воопшто не ме повреди (Фјури), но факт е дека мојата униформа беше претешка“, рекол Вајлдер.

„Не ги чувствував нозете од почетокот на борбата. Во третата рунда нозете сами пропаднаа. Но јас сум воин, луѓето тоа го знаат. Дадов сѐ од себе, но знаев дека поради униформата не ги чувствувам нозете. Ја облеков ноќ претходно, не мислев дека ќе биде толку тешка. Беше тешка 20 килограми заедно со кацигата и батериите“.

Вајлдер му честитал на Фјури за победата и најавил дека ќе ја активира клаузулата кој му овозможува да има реванш.

Scroll to Top