Top Sport

Неверојатен пресврт – Јунајтед ќе му понудат нов договор на Матиќ?

Иако се веруваше дека неговото заминување од „Олд Трафорд“ е сигурно, Немања Матиќ може да добие нов договор од Манчестер јунајтед откако Оле Гунар Солскјер се соочи со многу повредени фудбалери од средниот ред, тврди „Сан“.

Договорот на 31-годишниот Србин завршува во текот на летото и „ѓаволите“ беа подготвени да го пуштат да замине за релативно мала сума, но по повредата на Пол Погба и Скот Мектоминеј, Солскјер сфатил дека му е потребен фудбалер од типот на Матиќ.

Според „Сан“, клубот веќе преговарал со Матиќ во обид да ги објаснат плановите за иднината. Клубот не сака да го загуби со слободен трансфер и подготвени се да ја активираат клаузулата за продолжување на договорот за 12 месеци.

Матиќ, кој заработува околу 150.000 фунти неделно во Англија, беше интересен за Интер, но и за неколку МЛС клубови.

Scroll to Top