Top Sport

Нејмар се смири со навивачите: Тоа што се случи летото е во минатото

Нејмар вели дека има „голема љубов и почит“ кон навивачите на Пари Сен-Жермен, кои претходно луто реагираа на неговите обиди во текот на летниот преоден рок да се врати во Барселона.

27-годишниот Бразилец пристигна на „Паркот на принцовите“ за рекордни 222 милиони евра во 2017 година по четири години во Барселона, но веднаш почнаа шпекулациите за неговото незадоволство во Париз кои кулминираа минатото лето, кога тој се обиде да и примора да го продадат на Барселона, договор што на крајот не се оствари.

Сезоната 2019/20 тој ја почна повреден, а кога се врати на 14 септември беше исвиркан од фановите, но по 10 гола во 11 меча односите се поправија.

„Моето пристигнување во Париз ми донесе едно од најдобрите чувства во животот. Начинот на кој навивачите ме пречекаа беше одлично. Сите знаат што се случи минатото лето, но тоа е во минатото. Денеска сум фудбалер на ПСЖ и продолжувам да го давам мојот максимум. Немам ништо против навивачите, туку чувствувам голема љубов и почит. Се надевам дека ќе ни помогнат оваа сезона да биде уште подобра“, изјави Нејмар по трилер-ремито 3:3 со Монако.

Scroll to Top