Top Sport

Неверојатен рекорд на Инаки Вилијамс

Ињаки Вилијамс е рекордер во шпанскиот фудбал. Напаѓачот, синоќа, го одигра 203 натпревар во низа за Атлетик Билбао.

Вилијамс од 20.април 2016 не пропуштил ниту еден натпревар на славниот клуб од шпанската покраина Баскија. Вилијамс 169 пати бил во стартниот тим, а 34 пати влегол во игра од клупата за резерви.

На второто место на листата со 202 натпревари во низа остана Хуан Антонио Ларанага. Во периодот 1986-1992 година, Ларанага, одиграл 202 натпревари во низа за Реал Сосиедад.

Инаку, Атлетик Билабао, го победи Алавас со 1:0. Голот за победа го постигна ветеранот Раул Гарсија во 44.минута. Овој играч не реализираше пенал во раната фаза од натпреварот.

Scroll to Top